Фудбал

ЕДИНСТВЕНИОТ ШТО ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА РОНАЛДО И МЕСИ

Сите награди од 2007-та до денес, освен во една сезона, за најдобар фудбалер на светот, ги освоија Лионел Меси (7) и Кристијано Роналдо (5). Цели 13 години му пркосат на фудбалскиот играчки свет, освен во една прилика.

Лука Модриќ едноставно не можеше да биде заобиколен во 2018-та година, откако одработе беспрекорна кампања со Реал Мадрид и со хрватската фудбалска репрезентација, со што го прекина дуополот на Аргентинецот и Португалецот.

Оваа година, Лука не доби ниту еден глас во изборот за најдобар фудбалер на Франс Фудбал. Дали е можно толку да заборавил да игра фудбал, дали е можно толку да се сменил вкусот на гласачите? Има ли нешто посреди или тоа е реалноста?