Фудбал

МИЛАН И КОМО ЌЕ ИГРААТ ЛИГАШКИ НАТПРЕВАР ВО АВСТРАЛИЈА?

Управата на Серија А е во преговори да организира лигашки натпревар на австралиско тло, што би било историски момент за фудбалот.

Имено, планот еден од двата предвидени дуели помеѓу Милан и Комо од следната сезона, да се одигра во Перт, а идеален период за тоа би било во почетокот од февруари 2026 година.

Доколку се оствари договор, ова би било прв европски лигашки натпревар кој би се одиграл на друг континент, а колку всушност е добра идеја, ќе покаже статистиката во гледаност преку малите екрани.