Фудбал

ПРОМАШУВАЊЕ КАКВО ШТО МУ ДОЛИКУВА НА НАПАЃАЧ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД (ВИДЕО)

Бразил ноќеска го обезбеди пласманот на Светското првенство 2026 по минималниот триумф од 1-0 над Парагвај, што воедно беше и прва победа на Карло Анчелоти откако стана селектор на Кариоките.

Петкратниот светски шампион се намачи за да ги обезбеди потребните три бода, резултатската разлика да направи Винисиус со ефектен гол во 44-тата минута, но домаќините може да жалат за испуштените шанси пред противничкиот гол.

Една таква ситуација е промашувањето на Матеус Куња, новиот напаѓач на Манчестер јунајтед. Куња го дочека нафрлувањето од Мартинели на подалечниот дирек и сакаше со глава да забие. Сепак, наместо да слави гол, Бразилецот се посрамоти во зицер-ситуацијата. Се чини дека трансферот во Јунајтед веќе му влијае на фудбалските способности.