МБАПЕ НЕ Е НАЈПЛАТЕН ИГРАЧ ВО ЛА ЛИГА, ПРЕД НЕГО СЕ ДВЕ ЅВЕЗДИ НА БАРСА
Објавено на: 21.07.2024
Килијан Мбапе дојде како слободен играч во редовите на Реал Мадрид, но клубот го награди со енормен бонус од 150 милиони евра што ќе го добива на рати додека му трае договорот.
Што се однесува до платата, Мбапе заработува помалку отколку што му беа примањата во ПСЖ, а според годишната сума, не е ниту најплатен играч во Ла Лига.
Со 31,2 милиони евра годишно, Мбапе е трет најплатен играч во шпанското првенство, додека пред него се двете ѕвезди на Барселона. Роберт Левандовски инкасира 33,5 милиони евра на годишно ниво, а на врвот е Френки Де Јонг со 37,5 милиони евра.
Во топ 5 уште се Давид Алаба со 22,5 милиони евра и Јан Облак од Атлетико со 20,8 милиони евра годишна плата.