Фудбал

БАБУНСКИ СО ДЕБИ-ГОЛ ОД СОНИШТАТА ВО ДРЕСОТ НА ДАНДИ ЈУНАЈТЕД (ВИДЕО)

Давид Бабунски веќе во својот втор настап во дресот на Данди јунајтед стигна до првенецот за шкотската екипа, а не можеше да го реализира на подобар начин.

Македонскиот интернационалец ја најави победата од 2-1 на домаќините против Ајр, со мајсторски слободен удар од многу тешка позиција. Кога сите очекуваа центаршут, Давид ја нанишани подалечната статива и практично од мртов агол ја затресе мрежата.