МБАПЕ ГО ПРОПУШТИ ТРЕНИНГОТ ЗА КОЈ ИМАЛО 100.000 БАРАЊА ЗА ПРИСУСТВО
Објавено на: 14.06.2024
Килијан Мбапе, првата ѕвезда на Франција, го пропушти вчерашниот тимски тренинг поради лесна настинка. Тоа не би требало да биде проблем за селекторот Дешамп, во пресрет на дуелот против Австрија во првото коло од Европското првенство.
Покрај Мбапе, тренингот го пропушти и Кингсли Коман поради исти причини, но и двајцата би требало да конкурираат за место во стартните 11.
Триколорите во понеделник го играат првиот меч, Австрија е првата пречка на патот кон европската титула, а колкави се очекувањата од оваа репрезентација, доволно говори фактот што организаторите на првенството добиле 100.000 барања од француските навивачи да присуствуваат токму на вчерашниот тренинг.
Французите се сместени во тренинг-кампот во Падерборн, каде преовладуваат француските фанови.