ЈУВЕ ТРАМПА ДВАЈЦА ИГРАЧИ ПЛУС ПАРИ ЗА ЅВЕЗДАТА НА АСТОН ВИЛА
Објавено на: 14.06.2024
Јувентус е блиску да го реализира првото летно засилување откако ги договори условите со играчот за врска на Астон вила, Даглас Луис.
Бјанконерите се одлучија да трампаат двајца играчи плус 20 милиони евра во замена за бразилската ѕвезда, па така премиерлигашот ќе ги добие Вестон Мекени и Самуел Илинг јуниор. Ова е одлична зделка за Јувентус со оглед на тоа дека моменталната цена на Луис изнесува 70 милиони евра.
Луис беше клучна фигура за тимот на Емери во сезоната која е зад нас, со 9 гола и 5 асистенции на 35 меча во Премиер лигата, со што ѝ помогна на Астон вила да стигне до историски пласман во Лигата на шампионите.
Луис ќе биде првата аквизиција за Јувентус по назначувањето на Тијаго Мота за нов тренер, а реконструкцијата на тимот само што почна.