Фудбал

МИЛИОНЕРИТЕ ЕКСПРЕСНО НАЈДОА ЗАМЕНА ЗА ТЕРЗИЌ, КОРМИЛОТО ГО ПРЕЗЕМА КЛУПСКА ЛЕГЕНДА

Управата на Борусија Дортмунд не мораше далеку да ја бара замената за Един Терзиќ, тренерот со кого клубот вчера спогодбено ја прекина соработката.

Замената е експресно најдена и тоа во стручниот штаб, наследникот на клупата е клупската легенда, Нури Шахин. Шахин од почетокот на 2024 година му беше асистент на Терзиќ, па по само шест месеци добива голема шанса да се докаже како стратег.

Поранешниот турски репрезентативец е производ на школата на Дортмунд, во играчката кариера настапуваше уште за Феенорд, Реал Мадрид, Ливерпул, Вердер Бремен и Анталијаспор, пред да се пензионира во летото 2022 година.

Ова ќе му биде прв самостоен тренерски ангажман, со надеж дека обновата на Милионерите почнува токму од него.