МБАПЕ ИЛИ КЕЈН? НА ПОТЕГ Е РЕАЛ МАДРИД
Објавено на: 16.06.2023
Одеднаш се случи огромен пресврт во ситуацијата со трансферот на францускиот интернационалец кој беше речено дека нема да мрдне од ПСЖ до истекот на договорот (2024-та година), а се споменуваше дури и долгорочна екстензија по сезоната 2023/24. Но, сето тоа беше лани.

Килијан Мбапе јасно стави до знаење дека не сака продолжување, а ПСЖ сака да заработи и да го продаде пред последната година од договорот. Реал сака да го реконструира тимот и нема цела сезона за чекање, што може да биде погоден момент за сите инволвирани во сагата.

Сега, на крстопат е мадридскиот гигант – дали да тргне по оној кој го извиси минатото лето, или кон Хари Кејн кој очајно сака да си замине од Тотенхем и да потпише со екипа која ќе освојува трофеи? Можеби е најдобро Кејн да се пресели во Манчестер во Јунајтед, а Мбапе во Мадрид во Реал?