Фудбал

ЌЕ ГО КУПИ ЛИ РЕАЛ БРАЗИЛЕЦОТ КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ ПОНИШТЕНИ ОД ПОСТИГНАТИ ГОЛОВИ?

Најголемото промашување на сезоната е Ришарлисон кој има еден гол во дресот на Тотенхем и еден црвен картон, неколку пати се радуваше на погодок кој подоцна беше поништуван од ВАР.

За линкот со Реал, бразилскиот напаѓач изјави:

Секако, Реал е клуб за кој сонува секој фудбалер. Тоа е најголемиот клуб на светот. Но, јас имам клуб, имам договор, мора да се докажам во Тотенхем и да ја оправдам цената за која ме купија. Но, ќе повторам, секој еден фудбалер сонува да игра за Реал.

Ришарлисон повтори дека секој сонува за Реал повеќе пати отколку што ја погоди мрежата сезонава. Ќе ризикува ли Реал со него?