Фудбал

МАРОТА СЕ ЛУТИ: СРАМОТА Е ШТО ГО ИГНОРИРААТ ЛАУТАРО

ФИФА ги обелодени кандидатите за наградата „The Best“ за 2024 година, а меѓу 11-те номинирани го нема Лаутаро Мартинес.

Капитенот на Интер имаше извонредна 2023/24 сезона во која ги освои Серија А, италијанскиот Суперкуп, Копа Америка, при тоа беше најдобар стрелец во Калчото со 24 погодоци, а исто така ја освои златната копачка на јужноамериканскиот репрезентативен турнир.

Бепе Марота, претседателот на Интер, се лути што Светската фудбалска куќа го изигнорира Аргентинецот.

„Изненадени сме и разочарани што Лаутаро Мартинес не е меѓу 11-те кандидати за наградата. Имаше фантастична сезона во која беше клучен за нашиот тим да стигне до 20-тото Скудето како најдобар стрелец во лигата, а исто така постигна најмногу голови за Аргентина во нивниот пат до континенталната титула. Не се само бројките во прашање, туку и неговиот придонес во клучни натпревари за Интер и Аргентина ги остварат успесите. Лаутаро заслужува повеќе почит од ФИФА, а не да биде игнориран“, истакна Марота.

Инаку, престижната награда на ФИФА ќе припадне на еден од Џуд Белингем, Дани Карвахал, Ерлинг Халанд, Тони Крос, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Родри, Федерико Валверде, Винисиус јуниор, Флоријан Вирц или Ламин Јамал.