Фудбал

ТОЛКУ ОД ЕЛМАС ВО ЛАЈПЦИГ, ДИЈАМАНТОТ ВО ЈАНУАРИ ЈА НАПУШТА БУНДЕСЛИГАТА

Почетокот на 2025 година ќе означи една година откако Елиф Елмас го напушти Наполи за да го облече дресот на Лајпциг, па иако очекувањата беа дека нашиот дијамант ќе има поважна улога во играјќи за бундеслигашот, неговата ситуација е сосема спротивна.

Елмас едвај да добива минутажа, редовно е на клупата за резерви и ретко кога му се даваат обврски да биде носител на тимот. Згора на тоа, во ноемврискиот репрезентативен циклус Елиф претрпе повреда поради која предвреме ја заврши полусезоната, а слободното време дотогаш може да го искористи да најде нов клуб, бидејќи Лајпциг го стави на продажба.

Елмас е слободен да замине за 15 милиони евра, сума која за 9 милиони евра е пониска од она што Лајпциг плати за да го потпише „детето“ на Работнички. За него има доста интерес, пред сѐ од Туција каде би можел повторно да заигра за Фенербахче, или да потпише за лутиот ривал Галатасарај.

Сепак, турските гиганти преферираат позајмица отколку целосен откуп на неговиот договор, но Лајпциг настојува да го продаде Елмас, што се отвора опцијата за да се врати во Калчото, од каде Фиорентина и Аталанта покажуваат заинтересираност за потенцијален ангажман.