НЕМА ОБЛОЖУВАЊЕ НА ОВИЕ ЧЕТИРИ МЕЧА, БИДЕЈЌИ УЕФА НЕ ДОЗВОЛУВА ДА СЕ ОДИГРААТ
Објавено на: 29.11.2024
Европската фудбалска куќа во пресрет на ждрепката за квалификациите за Светското првенство 2026, потврди кои репрезентации не може да се сретнат меѓусебе.
Забранети натпревари, односно ривали кои не смеат да се паднат во иста квалификациска група се Србија – Косово, БиХ – Косово, Гибралтар – Шпанија и Украина – Белорусија. Тука спаѓаа и Ерменија и Азербејџан, но овие две селекции не може да се сретнат во претстојните мундијалски квалификации бидејќи се во ист шешир.
Ждрепката ќе се одржи на 13 декември во Цирих во 12 часот, а Македонија истата ја чека од третиот шешир.