Мотоспорт

МАРКЕЗ СЕ ЛИИИИЗГАШЕ ПО АСФАЛТОТ ВО ФРАНЦИЈА

Шесткратниот Мото ГП шампион не ја заврши Трката за Големата награда на Франција, петта во календарот на актуелниот шампионат, поради излетување во 17-тиот круг. Шпанецот не може да ја врати победничката форма, по фрактурата на раката во 2020-та година.

На француското Гран при славеше австралискиот мотоциклист Џек Милер, пред француските возачи Жоан Зарко и Фабио Квартараро. Лидер во генералниот поредок, по 5 од 19 трки е Квартараро, пред италијанскиот колега Франческо Бањаја и сонародникот Зарко.