Останато

ОЛИВЕИРА ЈА ЗЕМА ТИТУЛАТА НА НУРМАГОМЕДОВ!

Бразилскиот борец го совлада американскиот Мајкл Чендлер со нокаут во 19-та секунда од втората рунда и го пополни местото испразнето на шампионскиот престол, по пензионирањето на непоразениот руски ѕвер, Хабиб Нурмагомедов.

На оваа борба и претходеа многу перипетии и откажувања на разни натпреварувачи, за на крајот, за 11-ти шампион да биде крунисан Шарлис Оливеира, во најатрактивната, т.н. лесна дивизија на УФЦ, на настанот 262 одржан во Хјустон.