Фудбал

СИНОТ НА ЗЛАТАН ГО ПОТПИША ПРВИОТ ПРОФИ ДОГОВОР

Максимилијан Ибрахимовиќ, 17-годишниот синот на шведската икона Златан Ибрахимовиќ, стави потпис на својот прв професионален договор во кариерата, со важност до јуни 2027 година.

Макс ќе биде дел од новиот проект на Милан, Милан Футуро, каде фокусот е развој на играчи до 23 години.

Иако не игра на истата позиција како татко му, Макс покажа доста потенцијал како лев крилен офанзивец, откако минатата сезона запиша 29 настапи и реализира три погодоци за тимот на Росонерите до 18 години.