КОМО СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН
Објавено на: 18.07.2024
Рафаел Варан е на прагот да стане најзвучното засилување на новиот калчолигаш Комо ова лето, откако претходно двете страни ги договорија условите околу двегодишната соработка.
Комо со Цеск Фабрегас како тренер на клупата има големи амбиции да воспостави темели на сигурен прволигаш во Калчото, а тоа го покажуваат и амбициозните ангажмани на искусните Андреа Белоти и Пепе Рејна.
Варан како поранешен светски шампион со Франција дефинитивно ќе биде најзвучното име во дресот на Комо, а воедно за првпат ќе се тестира во италијанската лига, откако претходно играше за Ленс во Лига 1, за Реал Мадрид во Ла Лига и Манчестер јунајтед во Премиер лигата.