МЕСИ ДОБИВА КОНКУРЕНЦИЈА ВО МЛС – ДОАЃА ЛЕГЕНДАТА НА МИЛИОНЕРИTE
Објавено на: 18.07.2024
Марко Ројс, миленикот на навивачите на Борусија Дортмунд, одлучи кариерата да ја продолжи преку Барата, односно ќе игра во МЛС лигата за тимот на ЛА Галакси.
Поранешниот германски репрезентативец за првпат во кариерата ќе игра надвор од Бундеслигата, откако покрај Милионерите ги бранеше боите и на Борусија Менхенгладбах.
Речиси сите детали околу соработката се договорени, Ројс ќе потпише за тимот од Калифорнија како слободен играч, откако Галакси беа во контакт со неговиот менаџер уште по финалето од Лигата на шампионите.