ТРАЈКО ЗНАЕ КАКО – ПРЕД 12 ГОДИНИ ВЕЛС ПАДНА НА ГРАДСКИ, НЕКА БИДЕ ТАКА И ВЕЧЕРВА (ВИДЕО)
Објавено на: 25.03.2025
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра вториот квалификациски натпревар во овој циклус за Светското првенство 2026, а на националната арена во Скопје „Тодор Проески“ гостува Велс.
Ова ќе биде само вторпат да ги вгостиме Велшаните, а кога првпат дојдоа во метрополата на 6 септември 2013 година, тогашната А селекција на Македонија успеа да слави со 2-1. Погодоците ги постигнаа Иван Тричковски и Александар Трајковски, а токму стрелецот на победничкиот гол од 80-тата минута уште е дел од националниот тим кој сега го води Благоја Милевски.
Како изгледаше таа победа, ФФМ потсети со видео од архивата, а ние се надеваме на сличен исход со кој над 20.000 гледачи вечерва ќе се радуваат по последниот судиски свиреж.