НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА ИГОР Е ПРЕДВОДЕН ОД МАКЕДОНИЈА
Објавено на: 25.03.2025
По кратка пауза, Игор Трпески се врати на типстерсктаа акција и состави нов предлог-тикет за денес заедно со нас, каде може да се најдат најдобрите и највисоките коефициенти на сите спортски игри.
Денешниот тикет е посебен за нашиот познат спортски новинар и коментатор бидејќи покрај тоа што се надева на победа на Македонија во дуелот против Велс, верува дека ќе биде добитен, а износот од добивката да го донираа на настраданите семејства од трагедијата која го погоди Кочани минатиот викенд, на 16 март.

Македонија – Велс 1Х и 0-3 гола
Ова ќе биде само втор натпревар во кој Македонија ја пречекува селекцијата на Велс, а Игор памети имаме само убави спомени од првата средба пред 12 години, благодарение на головите на Тричковски и Трајковски кои беа доволни за триумф од 2-1. Велшаните можеби физички се поквалитетни, но во Скопје секоја репрезентација се мачи да освои бодови, а нашите фудбалери ќе играат не само да победа, туку и за Кочани, пред исполнетата арена „Тодор Проески“.
Израел – Норвешка 2
Норвежаните се во серија од три победи во кои постигнаа дури 14 погодоци, а фактот што расположени се голгетерите Халанд и Сорлот за нас беше логичен избор да типува „двојка“.
Аргентина – Бразил гол-гол
Најголемото репрезентативно дерби ќе се одигра ноќеска на култниот „Монументал“ во Буенос Аирес. Штета е што светскиот шампион на теренот ќе се појави без капитенот Лео Меси, додека освежениот состав на Кариоките мѕ сугерира дека ќе биде возбудлив меч во кој и двете мрежи ќе се затресат барем еднаш.
А. Де Минор – М. Беретини помалку од 23.5 гема
Де Минор и Беретини имаат по две победи во меѓусебните дуели, а секогаш победникот славел без загубен сет. Затоа, наместо да типува кој ќе се пласира во следната рунда од Мастерсот во Мајами, Трпески очекува дуел во кој нема да се одиграат многу гемови.
Л. Мусети – Н. Ѓоковиќ 2
Мастерсот во Мајами е еден од поомилените турнири на Ѓоковиќ, па сигурно планот му е да стигне до позиција да се бори за трофејот. Само во ланската сезона Новак во четири наврати беше подобар од италијанскиот тенисер со кој и вечерва ќе се пресмета, а Игор очекува од Ѓоковиќ да продолжи во победнички ритам.
Реал Мадрид – Милано помалку од 167.5 поени
Милано на Нено Димитријевиќ оди на тешко гостување во Мадрид, a ова ќе биде директна пресметка за 10-тото место на табелата во Евролигата, кое води во доигрувањата. Се очекува дефанзивна и тактичка игра, па затоа типува да нема повеќе од 167 поени на средбата.

Влог за тикетот е 200 денари, сите дуели се за вечерва и доколку сакате да го уплатите, имате време до 20:29 часот да ја употребите шифрата за брза уплата.
ШИФРА: W03251239733