Фудбал

МАКЕДОНИЈА ДОГОВОРИ КОНТРОЛКА ПРОТИВ САУДИСКА АРАБИЈА – ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО ПРАГА ВО СЕПТЕМВРИ

Македонската фудбалска репрезентација на 4 септември во Прага, Чешка, ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Саудиска Арабија.

Ова федерацијата го потврди со објава на социјалните мрежи преку официјалниот профил, со потврда дека контролката ќе се одигра на „Викторија“ стадионот со почеток во 17 часот.

Контролниот натпревар треба да биде добар тест за нашите најдобри фудбалери да ја одржат формата во пресрет на останатите квалификациски прозорци за Мундијалот 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември Македонија ќе се сретне со Лихтенштајн на Националната арена во Скопје, токму во рамки од мундо-квалификациите.

Инаку ова ќе биде трет натпревар меѓу Македонија и Саудиска Арабија. Првиот дуел е одигран на 1 август во 2001 година, во Ријад се одигра без победник при конечни 1-1, додека на 22 октомври 2022 година во Абу Даби, Саудијците славеа со минимални 1-0.