МАКЕДОНСКИ ТРАНСФЕР-МУАБЕТИ: СТОЛЕ ОДИ КАЈ ЖОЗЕ, ЕЛМАС СЕ ВРАЌА ВО НЕАПОЛ?
Објавено на: 12.08.2025
Меѓу топ-темите во фудбалот денес се најдоа македонските репрезентативци Столе Димитриевски и Елиф Елмас. И двајцата ова лето треба да ги решат своите судбини околу тоа каде ќе играат во новата сезона, бидејќи и двајцата се на излезни врати од Валенсија и Лајпциг.
Димитриевски по сите изгледи повторно нема да биде стартер кај Лилјаците и по заминувањето на Мамардашвили, па има неколку опции каде да ја продолжи кариерата. Последно сериозен интерес покажа Фенербахче, а наводно Жозе Мурињо во нашиот голман гледа како идеална замена за Доминик Ливаковиќ. Лил и Џеноа се уште две опции за Димитриевски, а понуда за позајмица наводно има и од Елче за да остане во Ла Лига.
Елмас пак, никако не се гледа во Лајпциг и најчесто се поврзува со нов камбек во Серија А. Торино го позајми минатата полусезона, но Биковите не се финансиски моќни за да го откупат неговиот договор. Според последните вести од Италија, Конте наводно сака да го врати нашиот дијамант во Наполи. Елмас би бил користен на повеќе позиции во нападот и одбрана, а токму таков разноврсен играч му треба на италијанскиот стратег. Елмас токму од Наполи дојде во Лајпциг во декември 2023 за сума од 25 милиони евра, па клубовите веќе се во преговори и се бара начин како би се реализирал трансферот.