ШТО ПИЕ КАФАНА? РОНАЛДО ПО 9 ГОДИНИ ВРСКА КОНЕЧНО ЈА ЗАПРОСИ ГЕОРГИНА И ТОА СО 30-КАРАТЕН ДИЈАМАНТ (ФОТО)
Објавено на: 12.08.2025
Кристијано Роналдо треба да части софра, конечно ја запроси долгогодишната партнерка Георгина, а сега веќе неговата свршеница го кажа судбоносното „Да“ откако Португалецот пред неа извади 30-каратен дијамантски прстен, вреден меѓу 2 и 4 милиони години.
Според жолтата штампа, ова е меѓу најскапите запросувања на една јавна личност, а Георгина се пофали на социјалните мрежи со „карпата“ што сега ја носи на прстот, со опис „Кажав да, би кажала да и во сите мои животи“.
Роналдо како најследена јавна личност на Инстаграм уште се нема огласено околу свршувањето. Инаку, Георгина е мајка на три од петте деца на Кристијано, веќе долго време живеат заедно и функционираат како совршено семејство, што значи дека запросувањето и најавеното стапување во брак е само формалност.
View this post on Instagram