Фудбал

ХИТ ВО МАК-ФУДБАЛОТ: АМАТЕР КАМПУВАШЕ И МОЛЕШЕ ЗА АНГАЖМАН 72 ЧАСА ПРЕД СТАДИОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ЃП, СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО Е ЧЛЕН (ВИДЕО)

За Сила Луј-Микел речиси сигурно не сте слушнале претходно, но овој 30-годишен аматерски фудбалер стана хит на Тик Ток и Инстаграм поради начинот на кој успеа да потпише договор со македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров.

Сила кампуваше цели 72 часа пред стадионот на популарните Лавови од Ѓорче Петров, молејќи го клубот да му даде шанса. Објави повеќе видеа на социјалните мрежи преку кои покрена бараше поддршка од неговите следбеници да му помогнат да си ја обезбеди иднината како член на скопскиот клуб.

За време на неговото кампување Сила успеа да го пресретне и Бобан Грнчаров, актуелниот предводник на Ѓорчепетровци, кој беше упатен кон теренот за еден од предвидените тренинзи на екипата.

За време на неговото кампување Сила успеа да го пресретне и Бобан Грнчаров, актуелниот предводник на Ѓорчепетровци, кој беше упатен кон теренот за еден од предвидените тренинзи на екипата.

На крајот кампувањето и молењето му се исплати, Сила вчера потпиша договор и стана вистински хит во мак-фудбалот. Следува да го видиме како ќе се снајде на терените низ Македонија и дали клубот донесе вистинска одлука што му даде шанса да се докаже.

Инаку, Сила пред потписот со Македонија ЃП се обиде на ист начин да добие договор со професионален фудбалски клуб на Тајланд, меѓутоа неуспешните обиди до донесоа до Македонија. За уште поголемо изненадување, Сила има играно и за Ал-Шабаб во Саудиска Арабија.