СИНОТ НА ШУМАХЕР СЕ ВРАЌА ВО ФОРМУЛА 1?
Објавено на: 16.07.2025
Кадилак ќе биде американскиот тим кој ќе се приклучи на Ф1 шампионатот од следната година, а веќе со полна пареа се работи на случајот да се обезбедат двајца возачи кои ќе раководат со болидите на новиот Ф1 тим.
Се споменуваат имиња како Валтери Ботас, Серхио Перес, а пријатното изненадување лежи во Мик Шумахер, синот на легендардниот Ф1 возач и еден од најдобрите на сите времиња, Михаел Шумахер. Самиот Мик обелодени дека е во преговори со тимот на Кадилак, што значи дека во најава е неговиот камбек во Формула 1 по четири години пауза.
„Да, точно е дека преговараме. Досега комуникацијата се одвиваше многу позитивно. Целта на франшизата е да состави квалитетен тим од искусни експерти, мене ми е чест што сум дел од нивните амбиции“, истакна Шухамер јуниор.
Инаку, Мик во 2022 година возеше за Хаас, а во меѓувреме ја загуби позицијата на трет, односно резервен возач на Мерцедес, улога која му припадна на Ботас. Во последно време настапува за тимот на Алпина на Светскиот шампионат за издржливост, што значи дека Мик ја одржува тркачката рутина и чека шанса за камбек во Ф1.
Инаку, Кадилак влегува во Ф1 шампионатот од следната сезона, а веќе од 2029 година ќе болидите ќе имаат сопствен мотор, составен од Џенерал Моторс.