Фудбал

СО БАБА МУ ЗА РАКА НА ПОТПИС НА НОВИОТ ДОГОВОР СО БАРСЕЛОНА (ВИДЕО)

Ламине Јамал вчера го потпиша првиот професионален договор со Барселона, откако пред неколку дена стана полнолетен по прославувањето на 18-тиот роденден.

Младата ѕвезда на Шпанија во просториите на клубот се појави со целото семејство, а кога се упати кон канцеларијата каде го чекаа Лапорта, Деко и Кркиќ заедно со новиот договор, Јамал влезе држејќи ја за рака неговата баба.

Јамал има посебен однос со неговата баба која практично го одгледа, па затоа на Ламине му беше важно и таа да присуствува на овој важен ден за неговата кариера.

Воедно, Јамал го претстави и новиот број на дресот, отсега ќе игра со 10-ката на грбот, носејќи ја историската тежина на великаните Меси, Марадона, Роналдињо, Ривалдо…