ГОТОВО Е: ОСИМЕН ВО ПСЖ, ЛУКАКУ ВО НАПОЛИ
Објавено на: 17.07.2024
Како што известуваат италијанските медиуми, Наполи успеа да го договори трансферот на Ромелу Лукаку за 25 милиони евра и плус бонуси кои на сметка на Челси ќе се исплатат доколку се исполнат неколку услови според настапи и учинок на белгискиот голгетер.
Но, за да се реализира овој ангажман, Наполи прво треба да го продаде Виктор Осимен, а се чини дека и тоа наскоро ќе се случи откако Нигериецот ги договори личните услови со ПСЖ.
Светците и ланскиот шампион на Италија моментално преговараат околу сумата од 120 милиони евра со обиди истата да се намали, а воедно и Осимен го притиска Де Лаурентис да прифати „нормална“ цена, или подобро кажано да даде попуст.
Како и да е, овој мини-домино ефект наскоро ќе се оствари, па Конте ќе го добие посакуваниот напаѓач со кого веќе работеше во Интер и остваија успех со освојувањето на Скудетото.