Кошарка

ЏОРДАН, ДОНЧИЌ И „МИКИ МИЛАНЕ“ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ како заштитно лице на „Најки“ и брендот „Џордан“ сними нова реклама за новата серија на кошаркаски патики, со име „Џампмен 23“.

Она што најмногу го привлече вниманието од спотот е песната која се емитува во позадина додека Дочниќ вози еден од автомобилите на Мајкл Џордан. Српскиот хит „Мики Милане“ грми во возилото додека Дончиќ го тестира маневрирањето на кошаркарски терен, а потоа излегува од колата и погодува тројка од огомна далечина.