Кошарка

КАКО ЕЛ – ЕЈ ЈА ПРЕЧЕКА СЛОВЕНЕЧКАТА СУПЕРSВЕЗДА (ФОТО+ВИДЕО)

Кошаркарскиот свет уште е во неверување дека Лука Дончиќ е нов член на Лос Анџелес лејкерс. Словенечката суперѕвезда ќе игра за втората најтрофејна франшиза по блокбастер трејдот со Далас во кој во спортивен правец замина Ентони Дејвис.

Магичниот Лука иако никогаш не посака да ги напушти Маверикс, ја прифати новата авантура во Градот на Ангелите каде ќе игра покрај својот идол Леброн Џејмс.

Дончиќ пристигна во Ел – Еј, каде беше пречека од генералниот менаџер на Лејкес, Роб Пелинка.

Овој потег на Лејкерс несомнено потврдува дека франшизата се подготвува за нов атак кон НБА титула потпишувајќи со 25-годишниот словенечки магионичар, кој ќе биде лицето на клубот во сезоните кои  доаѓаат.