Ракомет

ДАНСКА SВЕЗДА ЗА ХРВАТИТЕ: ТАКА НЕ СЕ ИГРА РАКОМЕТ

Данска беше пресилна за Хрватите во финалето од Светското ракометно првенство, по што ја собраа четвртата светска титула во низа. Очекувано, Гидсел и Питлик беа носителите на елекцијата на Јакобсен, a по крајот на финалето, токму Симон имаше што да каже за играта на противникот.

За некои, неговата изјава делува како совет, но дали така го разбраа и хрватските ракометари:

„Некој треба да им објасни на Хрватите дека така не се игра ракомет. Можеби ќе им помине таа игра во Загреб, каде судиите би биле на нивна страна. Прекршоците кои ги правеа се луди, а веројатно само така и можеа да нѐ победат, но не и сега. Не им успеа бидејќи бевме попаметни. Добија глупави исклучувања и играа со многу емоции. Одиграа доста добро првенство, но не и против нас“, истакна Питлик.

Агресивната игра на Хрватите беше присутна од самиот почеток, но и покрај тоа имаше моменти кога не беа задоволни од арбитражата. На крајот од мечот, ексвардарецот Карачиќ дури и го оттурна еден од судиите во знак на незадоволство.