Ракомет

ГОЛЕМ ГЕСТ НА ДАНЦИТЕ: МУ ДАДОА НА ДУВЊАК ДА ГО ПОСТИГНЕ ПОСЛЕДНИОТ ГОЛ ВО ДРЕСОТ НА ХРВАТСКА

Данците се старо-новите светски шампиони, совладувајќи го „изненадувањето“ Хрватска во финалето во Осло, на меч во кој за последен пат играа голманот Пешиќ, Игор Карачиќ и хрватската ракометна легенда – Домагој Дувњак.

Данците, во последните моменти од мечот кога Дувњак ја имаше топката, се тргнаа од одбраната, правејќи му простор да шутне кон голот, со гол со кој ја оконча својата репрезентативна кариера.

Погледнете:

Голем гест на Данците, вреден за секоја пофалба.