Кошарка

ИГРАШ ДОБРО, ЕВЕ ТИ БОГАТСТВО – ДОНЧИЌ СТАНУВА НАЈПЛАТЕНИОТ ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА

Лука Дончиќ во 2025 година би можел да стане најплатениот кошаркар во историјата на НБА. Далас наводно подготвува нов договор за својот Ол-стар, а сумата за петгодишната обнова на соработката ќе изнесува неверојатни 346 милиони долари.

Тоа е речиси 70 милиони долари годишно, или поточно 69.2 милиони, со што Словенецот би станал првиот играч кој би ја заработувал оваа цифра. Неговиот актуелен договор изнесува 40 милиони долари по сезона, па покачувањето би било речиси двојно.

Инаку, Дончиќ ја игра сезоната на кариерата со просек кој речиси е трипл-дабл учинок, односно 34 поени, 9,8 асистенции и 9.1 скока по натпревар, па не е ни чудо што му се подготвува нов договор.

Како што е познато, во НБА треба да одиграш минимум 7 сезони за да добиеш максимален договор, а Дончиќ моментално ја игра шестата сезона во кариерата, па така по сезоната 2024/45, ќе може да стави потпис на најскапиот договор во НБА.