Кошарка

ЖЕШКАТА ГЛАВА БОГДАНОВИЌ ТРГНА ДА СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ТРЕНЕРОТ НА АТЛАНТА (ВИДЕО)

Богдан Богдановиќ ноќеска беше најефикасниот играч на Атланта во гостинскиот триумф кај Чикаго со 103:113, со 20 поени српскиот бек ги предводеше Хокси.

Сепак, главната тема од тој меч е неговиот агресивен испад кон тренерот Квин Шнајдер, за време на еден тајм-аут на клупата на гостите. Иако засега не е познато што е причината зад расправијата, Шнајдер очигледно направил нешто што го налути Богдановиќ, за овој да реагира бурно и да тргне кон него за да се пресметаат.