Фудбал

ПОЛСКИ ГОЛМАН ПРЕТЕНДИРА ЗА „ПУШКАШ“ НАГРАДАТА СО ГОЛ ПРЕКУ ЦЕЛ ТЕРЕН! (ВИДЕО)

Габриел Кобилак, 22-годишниот голман на полски Радомјак, речиси сигурно ќе конкурира за „Пушкаш“ наградата која се доделува за најубав постигнат погодок во тековната сезона.

Гостинскиот чувар на мрежата потегна од својата половина, малку беше излезен од шестнаесетникот, испрати силен и долг удар, а топката го прескокна противничкиот голман и заврши во мрежата.

Кобилак со мајсторијата успеа да изнуди бод за својот тим на гостувањето кај Дивина при конечни 1-1, иако гостите беа со фудбалер помалку.