Кошарка

СЕ УПАТИВ НА БЕНЗИНСКА ДА КУПАМ ПИВО, ГО СРЕТНАВ ДОНЧИЌ… (ФОТО)

Социјалните мрежи неретко се место каде што може да се најдат најинтересните приказни раскажани од обични луѓе кои се сретнале на невообичаени места со спортки великани.

Таква е кратката приказна на овој Италијанец кој се сретнал со Лука Дончиќ, ѕвездата на ЛА лејкерс и Словенија, и тоа на бензинска пумпа во близина границата меѓу Словенија и Италија.

„Ова утро, јас и моите другари се упативме кон бензинска пумпа во Словенија за да си набавиме залиха Лашко пиво. На шанкот, забележавме еден висок човек во папучи, пиеше кафе во придружба на уште еден човек. Кога му се приближив, приметив дека е Лука Дончиќ. За малку немаше да го препознаам бидејќи ослабел дури 15 килограми. Викнав „Лука!“, а тој се сврте и ме поздрави. Се сретнавме уште еднаш на паркингот од бензинската, уште еднаш се поздрави со нас, се фотографиравме. Ни откри дека повредата не е сериозна со која се здоби во пријателскиот натпревар пред некој ден, како и дека е премногу возбуден за Евробаскетот. На заминување нè поздрави на италијански „Ciao!“… Колку е чуден животот – еден ден играш за Лејкерс и одиш во луксузниот дом на Беверли Хилс, а веќе следниот ден пиеш кафе на бензинска пумпа во Словенија и муабетиш со странци од Италија“, напиша возбудениот кошаркарски фан, заедно со објавеното „селфи“ со Дончиќ и неговите другари.