НОЌЕВАЊЕ ОД 1.150 ЕВРА ВО ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ХРВАТСКАТА ИКОНА (ФОТО)
Објавено на: 19.08.2025
Иван Ракитиќ, хрватската фудбалска икона, ја издава својата луксузна вила на островот Шолта за „солени“ 1.150 евра за едно ноќевање. Ракитиќ првично инвестираше во вилата за да ја користи за одмори со семејството, а истата се наоѓа на 20-тина метри од морето, со поглед кој одзема здив.
Вилата е на површина од 260 квадратни метри, со двор во кој е вклучен и базен долг 26 метри, а целиот се простира на околу 500 квадратни метри. Интересно е што Ракитиќ само еднаш ја има искористено вилата со своето семејство, а оттогаш е објавена на „AirBnB“ и може да се резервира за веќе спомената сума.
Вилата располага со капацитет за осум гости, со три спални соби и посебни купатила, теретана, прекрасен базен, а во цената е вклучена и приватна послуга и одржување на хигиената. Доколку планирате луксузен одмор на хрватскиот остров, имајте ја во предвид вилата на Ракитиќ.
