АНЧЕЛОТИ ЈА ИЗОСТАВИ ЅВЕЗДАТА НА РЕАЛ ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ЧИЛЕ И БОЛИВИЈА
Објавено на: 19.08.2025
Помалку чуден потег на Карло Анчелоти, но селекторот на Бразил им излезе во пресрет на Кралевите со одлуката да не го повика Винисиус јуниор за сепремврискиот квалификациски циклус за Мундијалот 2026. Кариоките ќе ги одмерат силите со Чиле на 5 септември, а пет дена подоцна ќе се сретнат и со селекцијата на Боливија.
Имено, Винисиус е суспендиран за натпреварот со Чиле, но јавноста не очекуваше дека ќе биде изоставен од списокот на играчи за овој циклус, односно дека ќе се најде во составот за дуелот против Боливија, но Анчелоти одлучи да го „одмори“ асот на Реал со цел да се фокусира на обврските со клубот.
Поради одлуката на Анчелоти, постоеја сомнежи дека можеби нивниот однос се нарушил, но ситуацијата е сосема спротивна. И двајта одлично соработуваа во Мадрид и освоија бројни трофеи, а дон Карло смета дека неговиот национален тим може да оствари позитивни резултати и без еден од најдобрите фудбалери во светот.