Фудбал

ЛИВЕРПУЛ ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ПОСТ-КЛОП ЕРАТА СО БРИТАНСКИ РЕКОРД?

Заминувањето на Јирген Клоп нема да ги смени амбициите на Ливерпул по крајот на оваа сезона, туку напротив, ќе се носат играчи од светски калибар за тимот да остане квалитетен и откако ќе се назначи наследник на германскиот тренер.

Имено, неколку англиски медиуми ги открија трансфер-плановите на гигантот од „Енфилд“, а наводно се подготвува понуда со која би се поставил нов британски рекорд, доколку истата биде прифатена. Главната мета е Федерико Валверде од Реал Мадрид, за кого Ливерпул ќе даде богатство од 129 милиони евра.

Валверде е еден од најценетите фудбалери во кралскиот клуб, има договор до јуни 2029 година. Тој е лидерот на новиот квартетот во средниот ред заедно со Белингем, Чуамени и Камавинга, па тешко е да се предвиди дека Реал, Анчелоти и пред сè Флорентино Перес би се откажале лесно од него.

Како и да е, штом почне летниот преоден рок, може да се очекува понудата од 129 милиони евра да биде доставена до Мадрид, а дали ќе се прифати, останува да се види.