КАЛЧОМЕРКАТО: ТИЈАГО МОТА ЌЕ БИДЕ НОВИОТ ТРЕНЕР НА ЈУВЕНТУС
Објавено на: 08.04.2024
Управата на Јувентус донесе одлука околу тренерската позиција за идната сезона, а според „Калчомеркато“, на жешкото столче ќе седне Тијаго Мота. Предводникот на Болоња кој прави чуда со овој клуб сезонава, ќе го наследи Максимилијано Алегри, а според информациите на италијанските медиуми, Мота со себе ќе земе и двајца фудбалери од Болоња.
Фактот што Мота ја стави Болоња во позиција да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, како и револуционерниот фудбал што го игра неговата екипа, се главните причини за раководството на Старата дама да се одлучи за освежување на тренерската позиција. Алегри веројатно ќе ја оствари целта да го предводи Јуве до топ 4 во Калчото, меѓутоа неконстантната форма се зема во предвид за на Алегри да му се даде отказ што заврши актуелната сезона.
Што се однесува до Мота, играчите со кои планира да ја освежи екипата на Јувентус се Луис Фергусон и Рикардо Калафјори.