Кошарка

ОД -20 ДО 2-0: МАРЕЈ ПОБРЗ ОД СЕМАФОРОТ ПРОТИВ ЛЕЈКЕРСИ (ВИДЕО)

Џамал Мареј е херојот на Денвер нагетс во победата од 101:99 против Лејкерс за 2-0 во серијата од Западната конференција. Бранителот на титулата успеа да надополни 20 поени негатива и да го добие трилерот против Езерџиите, благодарение на одличниот шутер.

Мареј ги искористи сите 10 секунди во последниот напад, се избори за простор да шутне и погоди преку раката на Ентони Дејвис.

За Мареј тоа беше 20-ти поен на средбата, заедно со Јокиќ го предводеа Денвер кој запиша трипл-дабл со 27 поени, 20 скока и 10 асистенции.