Фудбал

ЛИВЕРПУЛ МУ ПРАВИ УСЛУГА НА СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ

Трансферот на Столе Димитриевски во Валенсија се чини дека конечно ќе има смисла, откако тимот од југот на Шпанија конечно се договори со Ливерпул за трансфер на Мамадашвили на Енфилд Роуд.

Ролеркостер од настани е оваа недела за нашиот репрезентативен голман, кој на неколку дена пред почетокот на сезоната се уште не знаеше дали ќе биде прв голман за Валенсија. Причината беше поради тоа што грузискиот голман Мамадашвили и понатаму е дел од тимот, а тој беше прв голман претходната сезона.

За нашиот голман, опција беше и да се врати во Рајо на позајмица, доколку Ливерпул не го комплетира трансферот на Мамадашвили, што се чини дека ќе биде реализирано. Денес, Фабрицио Романо потврди дека речиси се е договорено со играчот, а наскоро и со Валенсија и тој ќе се пресели на островот, но веднаш ќе замине на позајмица најверојатно во Бурнемаут и ќе чека подобри времиња како би го заменил Алисон на голот на црвените.

На овој начин, уште од викендов, прва опција за голот на „лилјаците“ од Местаља ќе биде нашиот Столе Димитриевски