ИН МЕМОРИАМ: ПОЧИНА ЛАЗАР ЛЕЧИЌ, ЛЕГЕНДАТА НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКА
Објавено на: 13.08.2024
Синоќа во Скопје почина Лазар Лечиќ на 85-годишна возраст, еден од највлијателните работници во историјата на македонската кошарка.
Лечиќ беше еден од основоположниците на кошарката во осамостојувањето на Македонија, оставајќи длабока трага како тренер.
Кариерата ја започнал во Работнички, каде продолжи како тренер и ја водеше екипата од Центар во неколку наврати. Работеше уште во МЗТ, Никол Ферт, додека надвор од Македонија, легендарниот Лечиќ уште беше шеф на стручен штаб во Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина, Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската кошакарска репрезентација која во 1970 ја освои светската титула.
Лечиќ во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.
Погребот ќе се одржи утре во 14 часот на гробиштата во Бутел.