МБАПЕ ЈА БАРАЛ НА ДЕЈТ ИМАНЕ КЕЛИФ?
Објавено на: 14.08.2024
Имане Келиф, боксерката од Алжир беше главна тема летово во Париз за време на Олимписките игри, откако стигна до медал, иако беше суспендирана од Интернационалната боксерска асоцијација поради зголемено ниво на машки хормони.
Три дена по завршувањето на Олимписките игри, таа се врати во Алжир каде што е национален херој иако избувнаа многу скандали и негодувања околу одлуката на Олимпискиот комитет да и дозволи да се натпреварува помеѓу припадничките на понежниот пол.
Таа по враќањето изјави дека добива стотици пораки со поддршка од целиот свет, а една од најинтересните е дека Килијан Мбапе, фудбалерот на Реал Мадрид и пратил порака со поддршка и повик да излезат на средба.
Добив стотици пораки, дури и Мбапе, кој сака да излеземе на средба.
Дали е вистина, оставаме на времето и на Мбапе да потврдат.