Фудбал

МЕСИ ГЛУМЕШЕ СИЛЕЏИЈА, НО ДОБИ САМО ПАРИЧНА КАЗНА (ВИДЕО)

Интер Мајами ја отвори сезоната во МЛС лигата со реми од 2-2 против Њујорк сити, меч во кој видно незадоволен од повеќе причини беше Лионел Меси.

Првата ѕвезда на Мајами по мечот се најде во вербална распрација со асистентот од противничкиот тим, но отиде чекор повеќе и го фати за врат и го стисна. Имено, ова не помина неказнето, па дисциплинската комисија на МЛС му одреди парична казна со засега непозната сума.

Пред тоа Меси доби и жолт картон затоа што упорно протестираше кај главниот арбитар, па продолжи да се расправа со противниците.

Интересно е што истото го стори и Луис Суарес по крајот на првото полувреме, со друг член од противничкио тим, па и Уругваецот си доби парична казна.

Фановите на МЛС на социјалните мрежи потоа се пуштија во држење „воспитни лекции“, упатувајќи пораки до Меси дека тоа што му проаѓало во Шпанија во дресот на Барселона, во САД нема да му се прости.