КРИСТИЈАНО Е РЕШЕН ДА ВЛОЖИ ВО КЛУБОТ НА СТОЛЕ
Објавено на: 26.02.2025
Кристијано Роналдо неодамна сподели дека не планира тренерска кариера откако ќе ги закачи копачките на клин, но и тоа како е заинтересиран да биде сопственик на фудбалски клуб.
Таа идеја набрзо може да му се оствари, со помош на неговиот бизнис партнер и актуелен сопственик на Валенсија, Питер Лим. Кристијано наводно ќе откупи поголем дел од акциите на клубот за кој настапува нашиот Столе Димитриевски и ќе инвестира во враќањето на Валенсија меѓу шпанските гиганти.
Инаку, Лим и Роналдо успешно соработуваат веќе извесен период, поточно од 2015 година, а со овој потег уште повеќе би ги зацврстиле бизнис односите.