Фудбал

ПОЛУПРОФЕСИОНАЛЕН ЧЕТВРТОЛИГАШ ЌЕ ИГРА ПОЛУФИНАЛЕ ВО ФРАНЦУСКИОТ КУП, БЛАГОДАРЕНИЕ НА БРАВУРАТА ОД ПОЛА ТЕРЕН (ВИДЕО)

Полупрофесионалниот тим на Кан кој доаѓа од четвртата француска лига, избори историски пласман во полуфиналето од Купот на Франција по триумфот од 3-1 над Генгамп.

За бајката да биде посензационална, на натпреварот се постигна маестрален погодок од половина терен, во изведба на Седрик Гонкалвес. Се играше 30-тата минута кога гостите ја загубија топката на средината од теренот, а Гонкалвес имаше простор да прави што сака, па одлучи да потегне од кругот и да го насамари противничкиот голман за 2-0.