ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ШАМПИОНКАТА НА АО, НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА НЕЈЗИНОТО МОМЧЕ
Објавено на: 19.03.2024
Арина Сабаленка, актуелната шампионка на Австралија Опен, доживееа трагедија откако нејзиното момче Константин Колтсов почина од непознати причини на 42 години.
Само неколку дена по нејзината елиминација од Индијан велс, Сабаленка доби катастрофални вести од Белорусија, од каде што е потврдена информацијата за ненадејната смрт на Колтсов. Белорусинот е поранешен хокеар и репрезентативец кој настапил на две Олимпијади, во 2002 и 2010 година, а играше и во НХЛ лигата во САД.
Сабаленка како да ја следат трагедии, бидејќи пред пет години почина нејзиниот татко Сергеј, на само 43 години.