Фудбал

ЛЕО МЕСИ СО ПИСМО ЗА ЗБОГУВАЊЕ ДО ЦЕЛИОТ СВЕТ

Лионел Меси испрати емотивна порака до аргентинските навивачи и фановите ширум светот само една вечер пред финалето на Светското првенство против Шпанија.

Капитенот на гаучосите, кој ќе го игра своето трето мундијалско финале, порача дека најголемата вредност на оваа генерација не се само трофеите, туку патот што заедно го поминале.

Најубавиот дел од сите овие години никогаш не беа само титулите. Тоа беше целото патување. Да го делиме секој ден со оваа група, да се бориме заедно, да стануваме по тешките моменти и да уживаме во секој чекор.

Тој им се заблагодари на своите соиграчи, на стручниот штаб и на сите кои се дел од репрезентацијата.

Благодарам на секој мој соиграч, на стручниот штаб и на сите што секој ден работат оваа репрезентација да биде едно семејство. Што и да се случи утре, оваа група веќе испиша страница од историјата што никогаш нема да ја заборавиме и никој нема да може да ја избрише. Напред, Аргентина!

Меси дебитираше за аргентинската репрезентација пред 21 година и помина низ бројни разочарувања на Светските првенства и Копа Америка, дури во 2016 година накратко се повлече од националниот тим.

Сепак, неговото враќање донесе две титули на Копа Америка, а сега е на само една победа од втора светска титула со Аргентина и ново историско достигнување за својата репрезентација.