ЕДИНСТВЕН НА ТЕРЕНОТ: МЕСИ СО СПЕЦИЈАЛЕН ДРЕС ВО ФИНАЛЕТО ПРОТИВ ШПАНИЈА
Објавено на: 19.07.2026
Лионел Меси ќе биде единствениот фудбалер на теренот кој ќе носи специјална верзија од дресот во вечерашното финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија.
Иако на прв поглед дресот изгледа ист како оној што Аргентина го носеше во текот на целиот турнир, ФИФА подготви неколку ексклузивни детали за најголемиот натпревар на Мундијалот.
Под грбот на Аргентина ќе има посебен натпис со имињата на финалистите, датумот и местото на одигрување на натпреварот, детал што ќе остане како траен спомен од финалето.
На левиот ракав ќе стои пораката „Football Unites the World“, додека на десниот ќе биде официјалниот амблем на Светското првенство 2026. На градите, како и досега, ќе се наоѓа златниот беџ што потврдува дека Аргентина е актуелен светски шампион.
Но, најголемата разлика ќе ја има токму Меси. Капитенот на Аргентина ќе биде единствениот играч со специјалната ознака Legacy, која ФИФА ја доделува за настап на шест Светски првенства, достигнување што досега го имаат остварено само мал број фудбалери.
Покрај тоа, неговиот дрес ќе содржи и специјален беџ што потсетува на двете награди Golden Ball, кои Меси ги освои како најдобар играч на Светските првенства во Бразил 2014 и Катар 2022.
Уникатен дрес ќе носи и голманот Емилијано Мартинез, кој ќе биде означен со беџот за Златна ракавица, признание што го доби како најдобар голман на Мундијалот во Катар.