Фудбал

ТРАМП ОТКРИ: ИНФАНТИНО САКА САД И КИНА ЗАЕДНО ДА ОРГАНИЗИРААТ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, разговарал со него за можноста САД и Кина во иднина заеднички да бидат домаќини на Светското првенство.

На прием во Њујорк, во пресрет на финалето на Мундијалот, Трамп изјави дека би сакал САД повторно да ја организира најголемата фудбалска манифестација.

Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави. Но, овојпат без Канада и Мексико како коорганизатори.

Тој додаде дека Инфантино ја споменал и идејата САД и Кина еден ден заеднички да организираат Светско првенство, што би претставувало преседан ако навистина се реализира.

Следното Светско првенство за кое сè уште не е избран домаќин е она во 2038 година. Според актуелните правила на ФИФА, Северна Америка и Океанија се единствените континенти кои можат да конкурираат, бидејќи турнирите во 2030 и 2034 година веќе се доделени на други региони.

Трамп, кој ќе присуствува на финалето меѓу Шпанија и Аргентина, повторно го спомена и случајот со американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Тој откри дека разговарал со Инфантино околу неговата суспензија, по што ФИФА му дозволи настап во осминафиналето. Сепак, САД беа убедливо поразени од Белгија со 4:1 и повторно не успеаја да се пласираат во четвртфиналето.